сврзува (гл.) - со (предл.)

Јаким се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат, како исушено дрво, што ја изгубило и последната жилка, што го сврзувала со земјата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некако сме свикнати уште од приказните, таа судбина да ја сврзуваме со постарите сестри.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако, како и другите од тајфата, немаше ни еден добар збор за Аргира, сеќаваше дека нешто посилно од него го сврзува со тој секогаш наежен, стар човек, за кого што сите говореа: - Намќор, ни на живо се смее, ни на мртво плаче!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Копнееше по секој спомен, драго му беше сѐ што го сврзуваше со Неа, со синот и малата Весна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Има една друга легенда што името на градот го сврзува со кочини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Името на Крали Марко - јунак над јунаци - секогаш го сврзував со градот Прилеп, Варош, Маркови Кули, а еве, во непосредна близина на Скопје - Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тогаш си во Ускудар и на станицата која овој град го сврзува со Анкара и човек може да се пофали дека се воврел низ вратата на Азија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)