Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ете како лаже писмото, бедни, ете како е лажовна устата, превртлив јазикот, несигурно словото: дали се три нешта?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вчера, денес и утре, се трите денови кога во мене умре сѐ.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Човекот, животното и природата се трите агли што ја заокружуваат животната триангула на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)