Тие се плашат да се фатат за некаква работа, се плашат да започнат што и да е.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Нема храброст. Се плаши од лоши вести.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш се плашев; еднаш детето секако ќе треба да носи долги панталони.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се плашиме да не задоцниме, па се туркаме, и други! се плашат да не задоцнат па и тие се туркаат и еве причина да бидеме лоши и ние и тие околу нас.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Човек кој се плаши и со рака да го допре она што би можело да нѐ насмее. Зар грешам?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)