Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Од тоа, или пак од некаков страв, што се пораѓаше во тоа, како да беа скаменети и сите дрвја наоколу.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)