скокне (гл.) - од (предл.)

Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бузо скокна од трапот и се накостреши како еж: - Твој ли е? - Не е.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Срната ја меткаше главата, се обидуваше некако да скокне од снегот, па Бојан се исплаши дека може и да му избега.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кутриот Караман! - воздивна и скокна од леглото. Прва грижа му беше да ѕирне надвор, со надеж дека можеби Караман се вратил и сѐ среќно се свршило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тогаш, тој крмакот скокна од местото и јурна по дворот. Тоа мене од памет ме извади.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш јас скокнав од местото. Јас тогаш бев Скоевец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Оти: си влегол, татко, во одајата со записот проклет, но очите не си можел да ги одвоиш од буквата Ж, буквата девојка, што зографот-краснописец ја нарисал да биде со очи питоми, со раце и нозе раширени, спремна да го познае мажот свој; Оти: си видел жена, сподобие страсно во писмо, клопче отровно, со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење; Оти: вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Оти: твојот страстен поглед ѝ дал топлина на буквата-девојка, и таа оживеала, и скокнала од писмото-клопче, па паднала пред твоите нозе и почнала да ти ги бакнува стапалата; Оти, ти рекла: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Оти: иако си му се заветувал на Бога по раѓањето на твојот единствен (сега ја разбирам смислата на нагласката на овој збор во говорот на Лествичникот пред логотетот!), син Лествичникот, си ѝ рекол: „О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И Боге од Бањи се враќаше кон колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Коларот сепак успеа да скокне од колата и веднаш потрча кон главата на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Нашата мачка е ловџика. Сега ќе ја најдам. - А црна ли е? скокнав од столот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Скокна од креветот: ноќта пулсираше со ритамот на неговото срце...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа, разбудена од неговите вознемирени движења, се обиде да ја сврти работата на игра - го заскокотка по стомакот, а тој скокна од болка.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И уште веднаш оној застојан мршар скокна од своето место и забега надолу, занесувајќи се и кревајќи со своето лудечко отскокнување по удолница една чудна виулица.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Скокна од леглото и ги прибра сите предмети од својата собичка, со кои сега ја загради наоколу целата печка, така за неговиот гостин да не може никако да пристапи до неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко скокна од својата постела уште во првиот миг штом се почувствува буден и по стара навика помина со обете дланки по рамената.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ружа токму како да го чекаше овој миг за да распали од сите оружја. Скокна од масата на изненадување на сите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И јас ќе скокнам од постела, ќе истрчам надвор. А надвор ништо нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бабичката, газдарицата на неговиот стан, кога го слушна страшното тропање на вратата, бргу скокнала од постелата и со влечка само на едната нога потрча да ја отвори вратата, придржувајќи ја од срам ношницата на градите; но кога отвори, таа се повлече назадечки, гледајќи го Акакиј Акакиевич онаков каков што беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ја оттргна од себеси со што е можно поголема љубов и ја остави на милоста и на немилоста на Херкулина, која ѝ скокна од зад грб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите беа присутни, освен Марија која, не само што одби да го прими мажот ѝ, туку и не сакаше да го гледа од терасата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изулавено скокна од масата, запеа и се затвори на едно место што не е за спомнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Томето скокна од столицата, го гушна татка си, ја бакна мајка си и со Тина излетаа надвор како фурии.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Една млада жена скокна од под една настрешница неколку чекори пред Винстон, грабна едно мало дете што си играше во баричката, го замота утарето околу него и скокна повторно назад и сето тоа во едно единствено движење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сега во бунилото гледа огнови и вика за помош. Скокна од креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Трајче скокна од Дорча и легна во ендекот покрај самиот друм.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го видов, долу, над Ростов, близу до морето, каде што се влева Дон, како јури со коњот кон една запалена куќа, и наеднаш, скокна од коњот и се фрли во прозорецот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да не ме спречува нешто, би скокнал од столчето, би му ја бацил раката, би му ја бацил неговата кротка душичка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Штом го изговори „откри ми се“, момчето, насмеано и победоносно скокна од јаболкото, од големиот црвен плод што за сето време стоеше пред нејзините очи, а кој таа не можеше да го види.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дино скокна од креветот и во темницата почна нешто да вика.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бреговите тоа го гледаа, се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив, па тој не забележа пред него како се покажа и друго место, по него пак друго, сѐ некогашно и сѐ познато и драго, и преплашен скокна од потајниот допир кога го полази тенка водена жила што се провре меѓу прстите на нозете а потоа му ги покри стопалата и низ тенко жуборење водата почна да се качува по него нагоре, да се тимари, да го гали; забележа свиткани како лежат исушените стракчиња билки на дното и како го тркалаат грагорот пред себе еден величенствен облик.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мажите скокнаа од местото околу огништето, а баба ми и мајка ми почнаа да си ги кршат прстите на рацете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јоше на тоа скокнал од местото: „Кого киросуваш ти бре партал ниеден?“ – му рекол и го грабнал за мишки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа се направи луто навредена. Скокна од каучот вртејќи му грб, но ништо не рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама она му ги слуша неизговорените зборови, ти се колнам, оти пред малку, додека таа го спомена името Дончо тој прекорно заврте со главата, а кога слушна дека не се во исто одделение само што не скокна од радост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И јас ќе скокнам од радост, ќе се разбудам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да скокнам од радост, ама ми е страв да не истурам нешто, да не се накапам нешто и пак да ме вратат кај децата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)