слегува (гл.) - и (сврз.)

Еве неколку дена кај се турка по возеви, преполнети да не можеш место да најдеш, застанат повеќето во коридорите, каде што се молкнат со карање луѓе, слегувајќи и качувајќи се меѓу куфери.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
РИСТАЌИ: (слегува и додека стигнува до портата од двориштето со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога не го заменувам татко ми, слушајќи ги разговорите од под прозорецот, понекогаш слегувам и се замешувам со луѓето, а понекогаш нивните разговори како да ми се диктирани, директно ги запишувам во Дневникот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше и некои други садови на кои не им се знаеше намената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
1. На враќање од Кападокија,23 автобусот запре во Аванос24. Сите туристи слегоа и се разлазија низ градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И дрвјата слегуваат и ние паѓаме, половина умрени. Кутнати од сенките нивни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така се влечкаме надолу, се дргастиме. Слегуваме и се бориме со Капинка низ шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го слегоа и минаа низ дворот, кучето (што остана живо од ”кучеубијците” благодарение на Богуле што го скри в шума) пак излета од куќичката, но овој пат не залаа на Илко како порано, туку немо гледаше во ковчегот и луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)