Тоа се случуваше и обратно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Твоето прашање, мој Камилски, логично се поставува: но германските лингвисти и писатели имале толерантен однос кон француските зборови кои се претопувале во германскиот, се случувало и обратното, но тие воопшто не биле поттикнати од никаков лингвистички национализам и шовинизам!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Знам докторе. Ми се случувало и другпат, но овој пат беше премногу бурно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таквите сцени се случуваа и во бавчите пред работниците, тој не одбираше место, штом ќе се најдеше во нејзина близина таа или мораше да седне за тој да се смести во нејзиниот скут, или да остане простум кога набрзина ќе се счепчеше на нејзината половина чиниш како кога се качува по стеблото на некое дрво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во разговорите со жените, со кои носи муниција и храна и пренесува ранети, а понекогаш ѝ се случувало и да закопува убиени, најчесто се велеше: - Лошата вест сама брзо ќе стигне и ќе те удри тогаш кога најмалку се надеваш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)