Тие, пак тие ветрови, нѐ развеваат и одвеваат за развеани некако да разбереме дека не сме народ од пердуви иако песните ни се меки и топли и најчесто ни служат како лековита напивка од шумолот од роднокрајните извори.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ние сме народ чија адреса е запишана во Библијата.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Цел живот копнеев да воспоставам едно рамновесие низ љубовта да израснува јазикот на мојот народ како надеж, како вера дека она што доаѓа е вистинското по кое копнееле оние кои како единствено наследство ни го оставиле - јазикот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)