За да го исплашат населението и да создадат паника, тие започнале со уништување на гасоводите, оставајќи го градот во темница, и да го попречат гасењето на пожарите што ќе настанат и што ќе се шират поради отсуството на помош; потоа тие фрлиле бомби пред поштите, пред англиската кафеана, во градината „Алхамбра“; ја дигнале во воздух отоманската банка преку копање канал до нејзините темели; претходниот ден го запалиле паробродот “Гвадалкивир“; следниот ден се обиделе да го дигнат во воздух телефонското биро...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гемиџиите, значи, однапред знаеле дека, фрлајќи ги овие бомби по солунските улици против полицијата и аскерот, на непријателот нема да му нанесат голема штета освен што ќе создадат паника во градот и услови да бидат убиени или да се самоубијат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се шират - пишува грчкиот конзул со еден некоректен јазик - гласови дека и во самиот град Солун “Бугарите ќе извршат злосторства и со употреба на динамит“ ќе нападнат цркви и ноќни процесии по повод велигденските празници, како и други јавни установи, со цел да создадат паника и впечаток дека турската власт не може да обезбеди сигурност и оти тие се господари на земјата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)