Крајниот подвиг било да се оспори монополот врз достоинственоста што го држеле тие на чија жалост ѝ била завештана автентичност и, во тој степен, имунитет од обезвреднување и од подбив.194
Во својата потрага да создадат општествен простор и изразен јазик за претставување на сопственото доживување на загубата, италијанските вдовици од Фајер Ајленд се свртиле кон најблиското расположливо културно средство, кон модел на трајно, неутешно жалење што е тематски соодветно за нивната емоционална и етничка состојба, но крајно во расчекор со нивниот род.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)