сокрива (гл.) - и (сврз.)

Затоа, да ѝ запееме на семенката, да им запееме на оние кои само копаа и прекопуваа и кои сѐ подлабоко ја сокриваа и заштитуваа иднината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)