Така никој нема да биде повреден, а јас ќе ја спасам мојата душа од обвинувања. Од таа вина што не е моја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
3. Распосли си го окото -
мојата љубов сака да патува
мојата љубов сака да залута
да се врати, да нѐ спаси
мојата љубов сака
Во предградието на твоето око
трепките си поигруваат есен,
отвори, патникот кој чука е љубовта
ќе влезе за да побегнеме од времето
меѓу градите отсекогаш сум носела виделина
окото твое отсекогаш ме барало мене -
разбуди го, ноќва како на сон те сакам,
погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)