спаси (гл.) - свој (прид.)

Братството, беше рекол тој, никогаш не се обидува да ги спаси своите членови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајко моја, најмила моја мајчице, почнав да липам, каде си сега ти, да ја спасиш својата мала ќеркичка, знаеш ли што ѝ се случува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татичко, кога ти би знаел, не би ме оставил вака сама во шумата, сигурно би презел нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бедните мајки собираа плунки од јазиците и им ги плукаа на своите мили рожби во устите, колку-толку да им ја ублажат жедта, но и тие немаше од каде да најдат сокови во себе за да ги спасат своите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трагите што означуваа три века историја на овие балкански народи тој ги откри и со тоа го спаси своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Била свесна дека, ако не се прифати оваа вистина во животот, таа тешко би можела да го создаде, да го извиши, да го спаси своето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И, се чини, ова блиско соочување со бранот на војната, уште пред да го оформи своето семејство, беше првото нејзино предвое­но крштавање кое сигурно, засекогаш, ќе ја обележи во жи­вотот, особено во верувањето дека е родена за да си ги спаси своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се созедов, сигурна оти овој пат Бог не беше далеку од мене, па му реков: „Боже, ти ја создаде мојата мајка да ме роди за да ги спасам своите чеда!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)