Беше воведена и една заштитна одредба која предвидува дека присилно извршување не може да се спроведе на недвижниот и подвижниот имот на асоцијацијата, кој е неопходен за одржување состаноци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Присилно извршување не може да се спроведе на недвижниот и подвижниот имот на синдикатот кој е неопходен за одржување состаноци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)