Против пресудата работодавачот, кој ја изгуби парницата, знаејќи дека не е во право не се осмели да покрене никаков правен лек и истата беше спроведена доброволно – а раководството на „Дервен“, поучено од овој случај и под страв дека тој би ги поттикнал и останатите инвалиди на трудот да тужат – самоиницијативно ги исплати и трошоците за исхрана на останатите кои беа во иста фактичка положба, а немаа покренато тужба за истите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци во висина од 4.200 МКД, исто така, паднаа на терет на „Дервен“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на спорот, по негово барање, имаше изречено „времена мерка“ и на работникот Анчевски му беше исплатувана 50% од вкупната плата за целото времетраење на овој спор.5 Жалбена постапка до повисокиот суд немаше, а пресудата е спроведена доброволно во дадениот париционен рок.6 Вредно за напоменување во овој случај е тоа што работниците меѓу себе имаа изразено чувство за солидарност, пожртвуваност и активизам покажан при организирањето штрајкови поради континуирано доцнење со плати и кршење на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)