спушта (гл.) - до (предл.)

Наметнат со долга гуна, што му се спушташе до петиците, стоеше пред него Гоце и го гледаше со својот огнен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со растреперени прсти извади бело марамче, го избриша челото, помина и по проседата растресена коса што му се спушташе до вратот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зифт лелеавата црна коса ѝ се спушташе до појасот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Најдобри се секогаш оние со кутиите замотани со украсна хартија, во која има сервис за ручање или кафепиење, или, ако е поблизок роднината, двете во едно, па ја спушта до нозете, точно пред старите чевли кои не ги сменил од едноставна причина што парите отишле за бакшишот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Говедата би можеле да се спуштат до водата и низ длабокиот снег, но на овците би им било тешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Косата ѝ беше лесно фатена во витки од страните, а локните ѝ се спуштаа до рамениците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Новосељ пак е едно било, истото било кое од Загорни се спушта до Бујклиев Камен со Сридорекот од едната страна што ги береше водичките од Серкови Страни и Ракито, од Шопар и Буквиц и Араиљ од другата страна со водичките од Брајка и Кузовот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)