спушти (гл.) - слушалка (имн.)

Толку. - Спушти слушалка. Ја отвори воената карта и долго гледаше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Нервозно, налутено и инаетливо ја спушти слушалката и ја избриша потта од чело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повикај ги сите команданти на единиците и пренеси им ја лично мојата наредба.... - ја спушти слушалката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не чекаше потврда. Ја спушти слушалката и побара: - Побарај ми го главниот интендант! - рече отсечно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Користејќи ја малата пауза, кога Анѓа земаше воздух, Светлана едноставно ја спушти слушалката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во осумнаесетата година ја спушти слушалката и се исправи од клупа со матурантска диплома в џеб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И потем ја спушти слушалката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не вредеше да се должи. Ја спушти слушалката. Јас уште ја држев расеано.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И попладнето зина како огромна празнина на пештера а таму негде во недоодната далечина стоеше Катерина со насмевка што предизвикува чудна болка бидејќи ми одземаше дел од некоја посакувана вредност за чие значење дури и не бев доволно свесен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но таа молчеше. Молчев и јас. Најпосле ја спуштив слушалката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Се разбира дека таква беше намерата на реченото“, побрза да објасни тој и ја спушти слушалката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ништо не знам“, рече Сатурн. „Побарајте ја во Сарагоса.“ Ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жената се налути. – А кој сте вие, по ѓаволите? Сатурн ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Случајот беше прогласен за затворен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)