- Грч му стегна грло и тој замолкна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Војник не сакаше да им оди, а таа кутрата, господ да ѝ прости... - рече Божана - ѝ се стегна грлото и дури одкако ѝ потекоа солзи од очите, бришејќи ги, изговори некако:- Се обеси.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На Јаков, којзнае зошто, му се стегна грлото. „Што мислиш - му рече малиот - во која книга ќе нè пишува нас?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)