Без музика и без рефлекторска блештавост, само со тоа меко, нечујно и невидено паѓање, од кое би останала само една црна сенка на плочникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога сега, помисли, кога сега би го наполнил празнион простор под себе со своето паѓање и со еден крик, нивниот крик, кога би ги собрал раштрканите луѓе околу една црна сенка на плочникот!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На самиот улаз обавезно стои човек што мора да им се смее на сите, а у исто време да не изгледа многу блентаво.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)