Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат негови делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)