Затоа и оној кон кого беше упатена љубовта од оној кој љубеше беше воздигнуван како небесно суштество, а така се потиснуваше во себе она што беше сметано за животинско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кој знае колку страдал во животот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Новите страдања што ги носеше од земјата поради која страдаше во туѓина, се надоврзаа на нејзините долгогодишни големи страдања.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Колку повеќе се страда во сегашноста, толку ќе се ужива во иднина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овој чудесен град, вистински крстопат на империи и цивилизации, народи и вери, град кој силно страдал во минатото, извишуван врз урнатините од паднатите империи, катастрофалните земјотреси, кој ги имаше задржано обележјата на западните и на источните царства, во кој престојувале императори и султани, се вкрстиле војски во светски судири, му се виде достоен за да започне во него да си ја ткае семејната судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А Господ единствен семоќен преку устата на сегрчкиот патријарх на едни им велел да се радуваат, а на други да страдаат во молчење и да се хранат не со добрината и љубовта Божја, ами со горчината на пониженоста...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)