Јас сум Македонец и интересите на мојата татковина ми се претставуваат така: не Русија и Австро-Унгарија се непријателите на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе изварди и ќе ми се прикаже: и јас сум Македонец.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Горачинов зема здив да продолжи: — Јас, иако сум Македонец, вели, досега не сум се вклучил во македонските организации.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)