сум (гл.) - смешен (прид.)

Тогаш Зоки ја зеде вазната и ја стави врз глава, па рече: - Гледај, бабичке, нели сум смешен?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ех, колку сум смешен - си мислеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се обидов да бидам духовит и знаев дека сум смешен и несмасен: - Не можам својата љубов да ја кријам. Моето срце е човечко само кога е голо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И затоа, на крајот сепак ќе си речеме: Навистина сум смешен! Сешто си замислувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)