сум (гл.) - способен (прид.)

Не сум способна да сфатам дали се тоа само моите мисли.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не сум способна за нечесност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А јас, за што сум способна јас!? За ништо. Ете ја мојата слабост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас како битие не сум способна да поднесам губитоци.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не, јас денес апсолутно не сум способна за такви разговори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога стигнува Гуши од Прилеп, јас сум способен да му приготвам ручек: ситно издробени пиперки, потпржени, два домата во нив и на крајот две јајца во смесата што врие. Како додаток: лубеница.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но јас сум сигурен дека сум способен да го издржам ова насилство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што ако ми рече дека не сум способна?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Отсекогаш се гледаше дека е многу интелигентен, уште кога бев кај вас од толку мал сите бројки ги знаеше!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Права е баба кога вели дека многу работи треба да се запокријат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама треба да си махер па да знаеш да запокриваш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЈАС и ден денес не сум способен тоа навреме да го сторам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас лично се почувствував дека сум способна и за многу повеќе отколку што бараа од мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Милке, сè што знам и можам ќе ти го пренесам тебе и ти ќе бидеш мој заменик.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Прилегна, ги состави врвовите од прстите и рече: – Веруваш дека сум способен да го створам каменот што ги претвора сите елементи во злато, а ми нудиш злато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Парацелзус ја зеде розата и, зборувајќи, си играше со неа. – Лековерен си – рече. – Велиш дека сум способен да ја уништам? – Никој не е неспособен да ја уништи – рече ученикот. – Се лажеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако не ги разбираш овие зборови, сè уште немаш почнато да разбираш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислиш ли дека божеството може да создаде некое место коешто не е рај?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)