тече (гл.) - и (сврз.)

Под мостот вода морава - тече и мие ранава.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
18. ДИКАТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ тече и се менува меѓу луѓето, далаверата си останува далавера!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Авторот тука предупредува на големата комплексност на човековите вештини поврзани со сетилното осознавање и просторната ориентација, кои што зад себе имаат долг развоен пат и недвојбено е потешко машински да се симулираат како некои рационални операции, кои што, така вели Moravec, течат и во оние делови на мозокот, кои што не се посебно високо организирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од друга страна пак, рационалното мислење - како што е на пример играњето шах - е новопридобиена вештина, можеби не постара од сто илјади години.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Солзи му течеле и на мажот на загинатата другарка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа некој ја стави својата тврда шепа помеѓу моето лице и земјата и ме покри со нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свиткан, со забуцана брада во колениците, ни буден ни мртов, чувствував дека земјата лази под мене, тече и ја носи со себе топлината на луѓето и на огнот. Ако пуштев корен и самиот ќе се движев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Помина ноември. Почна да тече и декември. Наближуваше Нова година.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од неговата желност да се трча по сѐ што лета, што бега, што тече и што не може да се задржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)