топи (гл.) - снег (имн.)

Под нив се топи снегот и огнот оди надолу.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го топам снегот на планината, го освојувам врвот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Го молеше небото да продолжи да се истура и да го топи снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Се топи снегот!“ радосна мисла мина низ неговата глава и му го огреа срцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тагата е еден вид помиреност, блага апатија, која полека го топи снегот и дозволува да се размислува за себе и за другите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пролетта отпатувале и синовите. Некаде пред пролетта, со ветриштата, кога почнуваат да се топат снеговите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Излегов на балконот, и видов како во вода се претвора снегот на столот на кој некогаш седеше мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена потоа бледото февруарско сонце почна да го топи снегот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во бездните кај Нежилови Стени никогаш не се топи снег... се задржува и во најголеми летни жештини...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)