Тогаш ќе се вратеше, уште еднаш ќе ја оставеше шапката на закачалката, ќе го одмоташе шалот од околу вратот и ќе почнеше да објаснува за што сè му требаат парите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа било 3-4 дена пред атентатите. На гемииите, за првпат откако пред неколку години започнале да се подготуваат за атентатите, не им требало пари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Не треба само пари... Луѓе треба... До кога ќе нè толчат?!“ „Ама Ругова...“ братучед му веднаш запре кога овој одмавна со раката.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Во кеш..., после ги носат преку Швајцарија...“ „Не треба пари...“ го прекина човекот со лузната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Ќе го продавам“. „Ти требаат пари, ибн Бајко ефенди?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Фразата „Туку, можеш ли да ми...?“, во нашата фамилија предизвикуваше ужас, дури имаше жени, тетки, сестри од бабите и дедовците, дури и братучетки кои, кога ќе го чуеја неговото „само за кратко време“, речиси паѓаа во несвест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)