Но ќе ми треба човек што го знае патот, да не одам без пат, оти поризично ќе биде. — Тамо — тамо! Кога ти зела главата ветер!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најди му алишча, човек и едно магаре со штици.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А каде не е досадно и каде не е пусто? Треба човек сам да умее да си ги најде радостите на својот живот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Можеби сите линии, сите крстопати, излези во лавиринтот сочинуваат универзален план на некоја виша сила, кој треба човекот да го следи во текот на својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доколку ти треба човек да ти ја каже вистината в лице - црнецот нема влакно на јазикот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Со таков нема лабаво, туку треба човек да се подготви ко Џеси Овенс за Олимпијадата во Берлин!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„Јас ќе копам до три метра сам“, вели Јован, „сам ќе ја фрлам земјата горе, а потоа ќе ми треба човек за влечење кофа со земја. Да си кажеме однапред“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ нешто треба човекот да го гризе!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„Сине, треба човек да можи да се витка како млада фиданка. Додека сте млади, тоа го можите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Треба човек да ја познава работата, а кога немавме ниеден друг прирака, освен Дука, и кога тој не можеше да дојде, тогаш поседи неколку дена, две-три недели, мислам, почекај ако разјужи, ако дојде водана, поработи, извади некоја штица, а после бегај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Геј-мажите и понатаму трагаат по свои прикази и по одрази на своето постоење во културните творби, а заинтересирани се да дознаваат за други геј-мажи од минатото и од сегашноста, да откриваат како геј-мажите си ги раководеле животот, љубовта, борбата за слобода и за достоинство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем дел од изворната машка геј-култура не почива врз идентификацијата со негеј-ликови и со негеј-општествени и културни облици, туку врз самиот машки геј-идентитет и врз трудот тој да се истражува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои геј-мажи навистина си ги почитуваат историските претходници, како што сведочи книгата на Бартлет за Вајлд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Впрочем, во голема мера ја земаше здраво за готово претставата дека машката хомосексуалност како културна практика се состои од низа поткултурни реакции кон главнотековната култура – имено, од запоседнувањето и преозначувањето на хетеросексуалните облици и артефакти.
Но, тешко дека сакам да го одрекувам и да го потценувам постоењето на геј-култура што ја создале гејови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За тие цели, геј-мажите создале жив, многуопфатен експлицитен корпус од пишани, филмски и музички дела, знаменита акумулација на научни и критички трудови, како и институционални простори за натамошно проучување, размислување и откривање.
Понатаму, постои обемна популарна литература чија цел е да шири меѓу геј-мажите корисни сознанија за геј-мажите, од совети за дотерување, преку геј-историја, до што да се очекува од една геј-љубовна врска.436 Оригиналното издание на Радоста на геј-сексот (The Joy of Gay Sex), објавено во 1977 г., содржи не само илустрирани написи во кои се опишуваат разни сексуални пози туку и објаснувања што се тоа дискотеки, зошто геј-мажите одат таму и како треба човек да се однесува во нив, како и написи за особената важност на пријателствата во животот на геј-мажите или за тоа како човек да се справува со љубомората, а, сепак, да има среќна врска што не е сексуално исклучива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Види, бога ти, треба човек да умре, па дури тогаш почнуваат неговите познати да го откриваат неговиот карактер и празнината што остана.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Проклет да бидам, колку малку требало човек да се почувствува неизмерно среќен, радосен, полн со слатки, занесни соништа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Човекот требаше човекот да го врати во неговата изгубена природа, отаде границите на човештвото.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)