Татко ми трагаше по одговор на прашањето зошто ги убиваат козите во некаков проклет балкански затворен круг во кој секогаш се останува на почетокот, во балканската варијанта на апсурдот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Слегуваше до дното на смислата на своите книги за козите и историјата на „третата империја”, па гласно размислувајќи рече: – Сега, во империјата на сталинизмот, место да се жртвува „главниот јарец”, се убиваат козите... – Да – потврди Чанга – ги убиваат козите!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми поттикнат од потрагата по одговорот на прашањето што го бараше Чанга – зошто ги убиваат козите, беше готов да напише ново поглавје за својата замислена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сега, по кратка тишина, тој го постави по којзнае којпат старото прашање: – Зошто ги убиваат козите? – Зошто оваа брато-козоубиствена војна?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми долго време размислуваше, што е вистина, особено кога замина Чанга – зошто ги убиваат козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)