Бранот плиска и небаре го гали мртвото тело, удира полека, се враќа и одново ја заплискува неа, непознатата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Добро, им вели тој, и оди да ја удри камбаната; ја удира полека, тажно; од црквата го изнесуваат ковчегот во кој лежи Бандо умрен; таа писка и ги затина ушите да не го слуша погребното удирање на камбаната.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)