удри (гл.) - шлаканица (имн.)

Во него Хитлер му удрил шлаканица на Мусолини по капитулацијата на Италија, есента во 1943 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да ми удрија шлаканица, да ме караа, полесно ќе ми беше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во нивна близина се наѓа хотел „Адлен“, во кој, какио што се прикажува, по капитулацијата на Италија, Хитлер му удрил шлаканица на Мусолини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му удри шлаканица... А тој стои... исправен е...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога по извесно време, пак ја праша: А морам ли и јас да умрам? - таа му удри шлаканица.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знам како ме додржа господ да не ѝ удрам шлаканица.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Навистина Богдан не можеше да сфати зошто сите го земаат на нишан, зошто постојано демнат на него, постојано се расправаат со него и го тераат да ветува ова, да ветува она, да им бацува рака на сите дома за да му простат, кога тој повеќе сака да му удрат шлаканица, да го натепаат, отколку да му зборуваат и тераат на покајување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)