А веста, колку и таена под зглавје или под јазик, одекнуваше во оваа долина меѓу ридовите како гром од ведро небо што се умножува во ушите додека не ги заглуши.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нѐ беше претекнало затоа што некој побрз од нас излезе, оти лукавиот се осувршува во брзината, и се умножува во неа, наместо во светлината, па умножувајќи се во брзината стигнува секаде и во секое време, за да ти наштети.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)