упадне (гл.) - во (предл.)

Упаднавме во варварство, општеството станало криминогено, владее криминалниот елемент и се здобива со статусот на национално херојство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќето луѓе можат да го протолкуваат проектот без да упаднат во овие или-или сценарија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислам дека е јасно - Ана (Маргарита) ќе тргне по секојдневниот или пак случаен пат, додека кај мене тоа беше работа на одлука, јас бев решил, уште и пред да влезев во возот, дека доколку некој упадне во играта а се симне на Данфер-Рошро, мојата врска ќе биде линијата Насион-Етоал, како што во случајот Ана (Маргарита) да слезеше на Шатле, можев да ја следам единствено доколку ја фати врската Венсан-Неи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако не друго, тогаш само овој запис на Панда беше доволна причина за ризикот што авторот го презеде да упадне во домот на Едо селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, оркестралниот композитор е отворен за сите проблеми и замисли, подложен да упадне во замката на формата која е не-импровизирачка, не-емпириска.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И едно утро, во Рамалах, идната престолнина на неговата палестинска државичка, израелските полициски сили ќе упаднат во куќата во која престојувал Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тајните израелски служби се информирани за неговото присуство во Палестина. Му подготвуваат заседа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)