фати (гл.) - место (имн.)

СПИРО: Е, тоа веќе... ќе фати место... А клучот го најде на пат: рѓосан...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Арно. Туку, како беше за ручекот да не згрешам; не месо со праз, туку со компири...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште првата вечер го поканија десеттина домаќини на вечера и конак и тоа нему му направи голем впечаток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа фатија места во камионите и во малобројните автобуси, каде што им беа давани топли напитоци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа сигурно ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине во колцине од даљанон.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Фати место и за нас, ќе му вели Макаровски, оди и фати место и за нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами ако друзи ви го фатат местото? Па и да останевме сами, нели сме тука зајно во во пален град?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Има илјадници места на кои можат да се дадат парите, да фатат или да не фатат место, а сепак човек одбира да ги даде на посебно место и на посебен начин.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И да видите, луѓе, фатија место Толевите совети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)