Тогаш, во време газење лепешки, не беше згодно да се ѕирка во дворот на соседот, зошто нозете на жените им беа засукани догоре, до пушталките, па нивните бутови, обли и бели, зашто никогаш повисоко од колената не ги фатило сонце, дури до таму беа избрбешкани со лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но додека го правеше распоредот на трупите и планот за напад, и него го фати сонцето и тој виде како се точка старавинската војска во правецот на чуката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)