Му ја честитаа Новата година и го потсетија да си го поправи оштетениот оџак. Само што не се срушил.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!“)
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Љубо, ѝ викна Никола на жената, прати ја Садие во училиштето да праша за адресата на протиница. Ќе ѝ честитаме Нова година!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)