- Види сега ваму. Ти што ќе речеш: дали чини човек службеник да биде онолку мек?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Господи, се чини човеков ќе се искрши од услужност.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Гостилничарот нѐ одмеруваше, час Живка час нас, да разбере со кого си има работа, но молчеше и го одлагаше тоа додека детето од кујната не му шепнеше што кола запрела пред нивната воденица; зашто иако навудум неугледен, не беше толку недугав во главата за да мисли дека и денес облеката го чини човека - денес колата го чини човека.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)