Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа за мене е голем предизвик, ќе направам и добра репортажа, го чувствувам тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Лежејќи во гробот, старецот мокреше. Но не го чувствуваше тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мртовците станаа и тргнаа на разни страни, кој каде.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можеш ли да почуствуваш морници претворени во оргазам, ако барем јас така го чуствувам тоа? But I already said that we were identical.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Те дадов на огнот, о дали го чувствуваш тоа слатко злосторство?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Потоа бабата, или дедото, станува, и вели: „Да одиме…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќеркичата повремено погледнува во правецот во кој гледа Криста, знае дека таму има нешто што го гледа само мајка ѝ , нешто што тие не можат да го видат, но го претпоставуваат, го чувствуваат тоа нешто во кое таа е загледана, и кое ја проголтува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)