Ане уште се чешаше, како да бараше гниди под местата каде што го јаделе вошки додека од селанец станувал граѓанин преку војничките нуларици и запрашувањата на влакнестите места за да се накалеми од дива во питома (о)вошка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ми излегуваат дивите лица на тифусарите: си ги јадат вошките од главата, си ги крцкаат меѓу забите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тандаре-мандаре, ајце, дојдете вие селаните под пушка, гинете, нека ве јадат вошките, дајте сѐ што имате, а вие, пролетерите, де, кои си имате само по две раце останете си дома, по кафеаните во градиштата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)