ве (зам.) - одведе (гл.)

Во овој миг ќе ве разбудам и сонливи ќе ве одведам на избиралиштето на шутови со изрезбани глави Во печатени мозоци да бидете среќни во лајна и блуежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите ваши одговори и објаснувања ќе ги слушнеме таму каде што ќе ве одведеме. Поаѓаме. Ѓорѓи се вкочани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ви дадам двајца мои курири кои ќе ве одведат до границата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патиштата што водат од Смољан, Пазарџик и Благоевград кон височините на Родопите денес ќе ве одведат на еден од најголемите хидроенергетски објекти во Бугарија: каскадата „Вуча“ која, всушност, претставува цел комплекс од мали и големи акмулации и хидроцентрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Значи ако сакате да имате автомобил кој што безброј пати ќе ве одведе од точката А до точката Б, а во него да не инвестирате ништо, тогаш купете си Застава 128.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вклучувањето во ескалацијата на деструктивноста ќе ве одведе до прагот на самодеструкцијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Навистина видов кога ве одведоа - повторив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие ако ве симнеа од дрвото сигурно ќе ве одведоа на понепријатно место од ова.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Видов кога ве одведоа!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Да го знаев тоа место, си мислам, на рамена ќе ве носев, ќе одев со години, со векови, ко светец ќе се мачев, по трње боса ќе одев и ќе ве одведев, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)