вие (зам.) - двајца (бр.)

„Кажувај“, велеше, „кажувај во каква тајна врска сте вие двајцата со нечестивиот!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ајде, вие двајцата, одете долу и проверете што значат оние светла. Ако е непријателот, испукајте рафал”.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Наставничката одеднаш стана и налутено извика: „Вие двајцата! Да видам со што се занимавате!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)