Стрелката само оди, само се покачува нагоре: шеесет, седумдесет, осумдесет, ветрот ни ги бушави косите, ни влегува низ ракави, низ ногавици, ни ги дуе алиштата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тука беше уште пред четири години и навикна Адем да го гали, да го потфаќа за брадичка и за обравчиња, да му ги бушави косите и да го држи за раце обично кога беше во пијана состојба додека го совлада ракијата да заспие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На небото sвездите бледо и сонливо намигнуваат, а ветерот ги брка и раскикува сивите облаци и до мугри ги бушави сивата брада на поп Васил и сега побелената коса на Ѓорѓи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)