А ни вистински свештеник немаат жителите на Потковицата; грчки не сакаат, свој немаат, па таа работа, откако го врати бог во Потковицата, ја врши тој, Максим Акиноски - мртвите ги опејува на отворено, на Рамник на Горник на обележаното место за ѕидање црква, на отворено, во дворовите зад авлиите; ги венчава младите, а по куќите, во гостинските одаи, крштева деца.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Има ли тесна и дупка пресна со вазелин, да сјае, да блеска за топли браќа со намери задни убав и згоден депилиран задник Една желба имаме пред нас розе парада и топол колбас ануси два, поп да ги венча со бериќет вечен, да посвојат деца
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Од сѐ да се откажам, од сѐ да побегнам, во манастир да се затворам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А после: „Куме, одврзи го ќесето.“ Ќе ги венчаш сите овие Амповци и Ѓорговци...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Вклештени во снежниот потоп, злото ги натера мачињата да цицаат на кучка, кучињата на мачка; а многу диви животни што зимата најдоа засолниште по плевните - се спитомија.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А се склучи брак и меѓу роднини за кој долго се чекаше одобрение од владиката за да може попот Матлија да ги венча и да им даде благослов.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не заканувај се со тие твои ангели, му рекле жените на попот. - На Петровден, оче Панделиј, ќе ги венчаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стојат пред матичарот, чекаат да ги венча, но тој ги гледа нивните документи и им вели: - Не можам да ве венчам: уште сте мали... Немате години...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)