Студира во Кембриџ до 1922 година, кога ги завршува студиите по литература и историја со одличен успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дарвин скоро ги завршува патувањата со бродот Бигл преку многу мориња и ги допроучува создавањето и променливоста на органскиот свет откривајќи нови повидоци кон зоологијата, ботаниката, геологијата, палеонтологијата, антропологијата и етнографијата; во еден дел на Македонија масовно пцовисува од некоја чума запрежниот добиток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие двете седат околу масата и ја гледаат Пела како си ги завршува работите за другиот ден без да побара помош, туку само проверка на завршеното.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На Чикашкиот универзитет ги завршува постдипломските студии.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Штом ги завршував разговорите, ми велеше: „Изнеси ме надвор.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја фаќав под мишката, и полека излегувавме на балконот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)