ги (зам.) - закове (гл.)

Довлечка и студ и ги закова браздите и реките со дебел мраз; по стреите небесни мразулци како сабји и анџари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој ги скрсти рацете на гради и ги закова своите живи и наедрени од возбуда очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерта двете момчиња се спуштија до стубелот и го покрија со штици. Убаво ги заковаа. Оставија само мал отвор, колку да може со чанче да се црпе вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овие почнаа со работа. Прво им наметнаа по една алка околу гушите и ги заковаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)