ги (зам.) - заплетка (гл.)

Шамијата на главата порабена со алтанчиња, и другата околу појасот, со други дрангулии што ѕвечкаа, му ги заплеткаа мислите на синот на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Овој Џемал-ага ги заплеткал нишките во својата душа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)