Навикната сум на секакви глупости што луѓето ги зборуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Јас знаев, се колнам, сите тие бесмислици тој не ги зборува напразно, тоа беше негова голема игра, најголема и не ми се допаѓаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Како може по сто пати истите нешта да ги зборува!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ЛУКОВ: (Уште додека Фезлиев ги зборува последните реченици, излегува кон кујната и токму со последниот збор на Фезлиев се враќа со шише во раката. Го остава, со удир по масата, пред Фезлиев.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)