Прво, во дошлаците на Имотот никој не ги препозна Тодета и неговите па луѓето со право се договараа да ги пријават на властите или сами тие да ги изгонат, и, второ, кога ги препознаа, во чудо се прашуваа од каде достасаа овдека, кај биле досега?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете, на пример, ние не можеме да си ја објасниме оваа ваша поплака: „Во месец мај годинава владиката Дамаскин заедно со мудурот го затворил училиштето (се разбира, српското) во Велес и ги изгонил учениците.“
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Сега, атентаторе мој, се надевам дека си ги изгонил од себе злите духови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Навистина, само самовилска светлост можела да ги изгони сенките на сомневањата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Волчицата- стојбина, со грч во секоја нишка месо, се скаменувала подивена и капната од рани, на каменот никој веќе не барал и не наоѓал траги на Климентовиот дух што над деветстотини години се движел од немило до недраго како призрак на некогашниот жив призрак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потем доаѓа падот во безнадежност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
* Залудно. Насобраните луѓе ги фаќа очај. Значи сепак ќе ги изгонат од тука.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некои од нив уште долго се вртат околу тврдината, по некој дури и ќе успее пак да се протне во градот, а други долго лутаат по беспаќата, по полињата, покрај реките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И тие истрчуваат, не знаејќи дека зад нив ќе се затворат градските порти а тие ќе останат отаде тврдината, не знаејќи дека тоа е начинот на кој градовите, на секои неколку години, ги изгонуваат лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)