Молк завладеа и само искрите и пламенот во огништето се разигруваат и ту ги лулаат, ту ги издолжуваат и скратуваат сенките раздвижени на ѕидот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На следната тераса на пансионот во Ираклион, двајца гласни, кадрави Грци, ги издолжиле вратовите и нескриено се џарат во Јана.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога ќе истечеше крвта од него, кога ќе запреше кркорењето, војниците го оставаа бикот, кој полека се смируваше и како во сон ќе спреташе полека со нозете, ќе ги издолжеше и ќе ги собереше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Петте гуски, не распознавав веќе која е мајката, а кои децата, луто загракаа и почнаа кавгаџиски да ги издолжуваат шиите штом натрапникот се наближи до нив.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И учениците ги издолжуваат вратовите, се обидуваат да видат што гледа тој.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И за првпат откако е дојден во Прењес на неговото лице само за миг се појави насмевка; му ги разбразди брчките, му ги издолжи усните и врз челото и образите му фрли малку ведрина и згасна како блескотот на светулката што одеднаш се губи во крајпатните грмушки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крај Пандо нешто блесна. Погледна. Меѓу два страка висока и исушена трева - пајажина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се насмевна ѓаволесто, а кога ги догледа колибите ги издолжи усните и дувна зачудено: - Аууу!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)