ги (зам.) - исчекува (гл.)

Останале жените и децата, тие здружени стопани на воденицата, да ги исчекуваат ноќе душите на своите мажи, синови и татковци или каков и да било знак на одметниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со казна на прогонство во непознати песочни далечини биле осудени сите машки на Кукулино над шеснаесет години, без оние што навреме избегале во планините, повеќето од нив никогаш да не се вратат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во утрините не можеше да се смири, ако не развртеше неколку пати околу пиланата, загазувајќи до појасот во снегот, а квечерините не забораваше да ги испрати на прозорецот, за кога ќе се стемнеше да може пак да почне да ги исчекува пријателските довикувања на гладната дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Културата на стрејт-мажите не се репродуцира себеси така што на секоја наредна генерација момчиња ќе ѝ пренесува подробно познавање на овие филмови, ниту, пак, ги учи своите припадници наизуст да научат одредени реплики од Најмила мамичке и не организира фестивали на кои овие реплики ќе се повторуваат пред публика што желно ги исчекува и што ги поздравува полетно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)